Македонија
13. April 2021 - 10:43

Рашковски вози џип вреден 74.000 евра кој не е пријавен во неговиот анкетен лист | ФОТО

Поранешниот секретар на Владата Драги Рашковски вози луксузен џип кој не е пријавен во неговиот анкетен лист, објави „360 Степени“..

Станува збор за „волво“ од актуелната генерација на моделот, при што најновиот основен модел вреди 74.000 евра.

Рашковски не одговорил во чија сопственост е возилото што го користел за приватни цели, а таква информација не дале ниту од МВР.

Антикорупциската комисија најавува дека ќе изврши проверка чие е возилото во рамки на предметот на испитување на имотната состојба на Рашковски.

Тој влезе во фокусот на јавноста откако се обелодени дека како генерален секретар на Владата набавил софтвер кој никој не го користи, за што постапка покрена и обвинителството.