Македонија
25. January 2022 - 12:37

Рашковски најавува интересен судски процес за „Софтвери“

Поранешниот генерален секретар на владата, Рашковски кој е обвинет за злоупотреба на пложбата, тврди дека обвинителството монтирало случај против него. Вели, пораките кои како докази требало да служат во постапката, обвинителката сама ги креирала.

Обвинителството не открива какви докази поседува. Обвинителката Трајчева вели имало многубројни материјални докази и сведоци, но не прецизира дали ќе сведочи и некој од владата.

Рашковски ги отфрли тврдењата на обвинителството, дека со парите од продажбата на својот изум платен со државни пари, ги полнел сопствената и сметките на своите блиски. Вели парите ги добивал од владата за своите службените патувања. Својот имот го префрлил на децата бидејќи таква била традицијата во државата, а нивните сметки, вели  биле полни со пари од нивните родендени.

Рашковски денеска првпат седна во обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба и перење пари.Обвинет е дека софтверот за контрола на брзината на патишата кој сам го измислил, подоцна го продал на државата иако полицијата немала потреба од него. Се товари и дека како генерален секретар на владата ангажирал двајца хонорарци чија единствена работна задача била дел од парите кои ги добивале да му ги враќаат на Рашковски. Според обвинението, со таквите кривични дела, Рашковски го оштетил државниот буџет за околу 300 илјади евра, поради што се бара и одземање на дел од неговиот имот. На ваквото барање, тој се жали пред Апелациониот суд поради што денеска се одложи старот на судењето. Следното рочиште е закажано за 24 февруари.