Македонија
7. October 2022 - 9:52

Рашиди: АА нема да биде дел од Владата

 – Пратеникот Сурија Рашиди, кој е дел од раководството на Алијанса за Албанците ги демантираше информациите што се појавија во јавноста дека неговата партија ќе биде вклучена во Владата.

-Јас сум член на раководството на партијата и оваа тема не е претставена на ниту една средба, изјави  Рашиди за ТВ Алсат.

Тој рече дека Алијансата за Албанците е сериозен политички субјект кој не носи одлуки врз основа на хипотетички гласини, туку носи политички одлуки врз основа на она што е реално и објективно.