Раниери се врати во Рома
Фудбалскиот клуб Рома објави дека Клаудио Раниери повторно ќе го преземе тимот. Искусниот стручњак пред неколку месеци објави дека заминува во пензија, но очигледно е дека клубот кој го носи во срцето не можеше да се одбие, па се врати на тренерската работа. Раниери доаѓа на тренерската позиција наместо разрешениот Иван Јуриќ.
-ФК Рома со задоволство објавува дека Клаудио Раниери е тренер на првиот тим. На крајот на сезоната, Клаудио ќе се пресели на позицијата висок извршен директор, каде што ќе биде советник на сопственикот за сите спортски прашања во клубот. Потрагата по иден тренер ќе продолжи и во следните неколку месеци. Во таа одлука ќе учествува и Клаудио, се вели во соопштението на клубот.
Раниери е роден во Рим. Тој го носеше дресот на „џалоросите“ како играч во сезоната 1973/74, а подоцна беше главен тренер на тимот во два наврати (од 2009 до 2011 и во 2019 година).
-Раниери е вистински симбол на вредностите на клубот и еден од најпочитуваните римски спортски личности ширум светот, додаваат од „Олимпико“.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон