Македонија
6. November 2019 - 16:53

Рамчиловиќ оди во владиното мнозинство, за останатите седумина пратеници нема место во ВМРО-ДПМНЕ

Нема место во ВМРО-ДПМНЕ за пратениците кои веќе беа исклучени од партијата. Генералниот секретар вели, одлуката е донесена и остануваме на неа.

Политичката судбина на пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ се најде во фокусот на јавноста откако вчера, пратнеикот Зекир Рамчиловиќ од опозицијата се префрли во редовите на власта која го предложи и за потпретседател на Собранието на само неколку месеци пред неговото распуштање.

Од ДУИ велат дека тој не преминува во нивната партија.

Рамчиловиќ беше еден од осумтемина пратеници кои спротивно на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за промена на Уставот а со тоа и на уставното име.