Рама: Србија и Албанија треба да се свртат една кон друга

По посета на Србија, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека албанската Влада е цврста во ставот дека двете земји треба да се свртат една кон друга и да ги надминат пречките од минатото, јави албанската агенција АТА.
Во соопштение објавено на социјалните мрежи Рама подвлекува дека Албанија не може да стои на едно место, туку треба да се ослободи од минатото.
- За нас опцијата е или да се држиме подалеку ид Србите, вртејќи си го грбот, и сами да се исправиме пред тешкотиите на малите пазари, или да се свртиме едни кон други од заемен интерес и да ги подобриме нашите економии и да ги решаваме проблемите во мир, посочи Рама.
„Ние Албанците не можеме да ја градиме нашата иднина без надминување на пречките од минатото. Иднината е во наши раце и поради тоа не треба да си ги врзуваме нозете со јажето на минатото“, изјави Рама.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
