Loading Video...
Ракомет
22. јуни 2018 - 15:12

Ракометниот шампионат ќе започне на 15 септември со битолското дерби

Новата сезона во ракометниот шампионат на Македонија ќе стартува на 15 септември. 
 
Како и изминатите неколку сезони така и претстојната останува истиот систем на натпреварување, односно ќе се одиграат 18 кола, по што во Плејоф лигата, на првите четири екипи ќе им се приклучат Вардар и Металург кои ќе не претставуваат во Лигата на шампионите.
 
Воведното коло ќе го одбележи битолското дерби меѓу Пелистер и Еурофарм Работник. 
 
На останатите натпревари од првата рунда ќе играат: Пролет – Охрид, Бутел – Прилеп, Борец – Струга и Вардар јуниор - Радовиш.
 
Во иднина новина е што секое откажување на тимови што веќе се пријавиле за настап ќе се казни со забрана за играње од три сезони, исто како и службеното лице.