Loading Video...
Ракомет
8. јуни 2019 - 15:17

Ракометарите се собраа за дуелите со Турција и Грција: Манасков сигурно отпаѓа, под знак на прашање е и настапот на Стоилов

Македонската ракометна репрезентација го оствари првиот собир пред последните два дуели од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година.
 
Селекторот Данило Брестовац попладнево ја имаше првата прозивка на играчите на кои ќе сметаше за мечевите со Турција и Грција.
 
Уште на самиот старт Брестовац се соочува со проблеми. Поради повреда сигурно не ќе може да смета на искусното крило Дејан Манасков, додека под знак на прашалник е и настапот на Стојанче Стоилов, кој имаше исцрпувачки фајнал-фор во Келн и по истиот се пожалил на повреда.
 
„Имаме потешкотии, Дејан Манасков се повреди и нема да игра. Ја следиме ситуацијата и со Стојанче Стоилов. За нас прво следи мечот со Турција, очекувам добар натпревар, борбен натпревар, очекувам да дојдат сите момци спремни да се „истепаат“ за победата. Приоритет на овие мечеви ќе бидат две победи, за да одиме на ЕП како први и да напредуваме шешир погоре на ждрепката за наредниот собир“, изјави селекторот Брестовац.
 
На денешниот собир не се појавија и капитенот Кирил Лазаров, Филип Талески и голманот Борко Ристовски, кои имаат клупски обврски, а се очекува да му се стават на располагање на селекторот веќе во понеделник. 
 
До мечот против Турција на гости закажан за 12 јуни „црвено-жолтите“ ќе одржат четири тренинга, пред заминувањето во вторник, додека вториот натпревар против Грција ќе се игра на 16 јуни во Струмица,