Ракомет
3. January 2020 - 21:23

Ракометарите поразени од Словенија

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз од Словенија со 33-28 (19-12) во пријателски меч пред ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка.

Без капитенот Кире Лазаров во составот, избраниците на Данило Брестов беа на исто ниво со домаќинот само во првите десетина минути.

Словенците се разиграа по 15-тата минута и поведоа со +5 (12-7) а потоа само го зголемуваа водството кое на полувремето изнесуваше седум гола разлика.

Во вториот дел македонските ракометари имаа и негатива од 9 гола (26-17) но по неколкуте ротации на македонскиот селектор успеавме да ја намалиме разликата до минус пет на 10 минути до крајот на дуелот.

Сепак Словенија не дозволи изненадување и пресврт и на крајот запиша победа од 33-28.

Последниот натпревар во подготвителниот период „жолто-црвените“ го играат против Црна Гора во недела.

Првиот дуел на Европското првенство го играме на 10 јануари против Украина во Виена.