-->
-->
Ракометарите на Вардар отпатуваа за Брест на Ф4 турнирот на СЕХА лигата
-->
Ракометарите на Вардар во раните утрински часови тргнаа за Брест, Белорусија каде од петок до недела ќе се игра завршниот турнир во СЕХА лигата.
Експедицијата на Вардар најпрво ќе слета во Загреб, а оттаму екипата патува со чартер до Брест заедно со хрватскиот шампион ППД Загреб и дел од официјалните лица.
Како првопласиран по регуларниот дел од сезоната Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе игра против ППД Загреб утре (17:30 часот).
Во екипата овојпат го нема Даниил Шишкарев кој има повреда на зглобот на ногата. Во тимот за Белорусија патува Мартин Поповски. Во второто полуфинале играат домаќинот на турнирот Мешков и Веспрем.
На досегашните Ф4 турнири Вардар само еднаш не играл во финалето, и тоа беше во сезоната 2014/2015 кога беше четврто пласиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица