Loading Video...
Ракомет
13. September 2019 - 18:05

Ракометарите на Еурофарм Работник подготвени за дебито во ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Работник во недела ќе го имаат своето деби во Лига на шампиони. Во Битола гостува португалскиот Спортинг Лисабон
 
Во редовите на македонскиот вицешампион истакнуваат дека подготвени ќе го дочекаат дебито во елитното натпреварување, но истакнуваат дека уште на стартот ќе ги имаат најсилниот противник ги, но дека тоа не ги плаши, 
 
„Ќе играме на стартот со најсилната екипа во групата, па потоа следат две гостувања. Добро го анализиравме Спортинг, играа четири официјални натпревари и забележаа четири победи. Имаат нов тренер, играат брзо, препознатливо, но ние ќе се обидеме да најдеме против игра.“, истакна тренерот Стефче Алушовски.
 
Натпреварот од Ц групата меѓу Еурофарм Работник - Спортинг ќе се игра во недела од 17 часот во салата „Боро Чурлевски“. 
 
А, утре пак ракометарите на Вардар одбраната на титулата во Лигата на шампионите ќе ја започнат на гостувањето во Франција кај Монпелје кој пред две сезони беше европски првак. 
 
Утрешниот меч меѓу Монпелје и Вардар ќе започне од 17 часот и 15 минути.