Ракиќ: Многу брзо ќе биде формирана Заедница на српски општини
Српската листа (СЛ) нема да се однесува уценувачки, ниту ќе им „пика прст во окото“ на Албанците, но ќе биде „камче во чевелот“, кое постојано ќе ја потсетува Приштина на своите обврски, изјави денеска претседателот на партијата Горан Рахиќ за српската државна телевизија РТС.
Тој најави дека многу набрзо ќе биде формирана и Заедницата на српски општини (ЗСО).
- Формирањето на ЗСО беше еден од условите Српската листа да влезе во Владата и според бриселскиот договор, Приштина има меѓународна обврска што побрзо да овозможи формирање на ЗСО. Ние нема да лицитираме со датуми, посочи Рахиќ.
Тој нагласи дека СЛ сега е особено силна, затоа што опстанокот на Владата во Приштина зависи од неа.
Во врска со евентуално учество на СЛ на внатрешниот дијалог за Косово на кој повика косовскиот премир Рамуш Харадинај, Рахиќ потенцира дека засега не знаат во кој правец ќе одат тие разговори, додавајќи дека неговата партија сите свои предлози ќе му ги достави на српскиот претседател Александар Вучиќ, кого го смета за „свој претседател“
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто