Ракета „Сојуз“ полета во чест на Гагарин кон МВС
Екипаж од тројца астронаути денеска полета кон Меѓународната вселенска станица, со капсула, во сеќавање на 60-годишнината од полетувањето на советскиот космонаут Јуриј Гагарин – првиот човек што отишол во Вселената.
Годишнината од историскиот лет на Гагарин – 12 април 1961 година, во Русија секоја година се слави како Ден на астронаутиката. Тој минал 108 минути во орбитата.
Космонаутите од руската агенција Роскосмос – Олег Новицки и Пјотр Дубров и Американецот од НАСА, Марк Ванде Хеј, утрово полетаа од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан. Вселенското летало „Сојуз МС-18“ беше и именувано по легендарниот космонаут, а портрет на Гагарин ја краси неговата површина.
– Кога првпат почнувавме, се натпреварувавме едни со други, и тоа беше една од причините што бевме толку успешни на почетокот на човечкиот вселенски лет. Со текот на времето, сфативме дека можеме да завршиме многу работа заедно… Се надевам дека ова ќе продолжи и во иднина, рече Ванде Хеј.
Но, 60-годишнината доаѓа во тешко време, кога руската вселенска индустрија претрпе низа неуспеси, од скандали со корупција до прекинат полет и одложување на мисија со екипаж во 2018 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација