-->
-->
Ракета на „Спејс-Икс“ слета успешно, па експлодираше
-->
Прототип-ракета на американската вселенска компанија компанија „Спејс-Икс“, по пробен лет во американската сојузна држава Тексас, успешно слета, но наскоро се појави пожар и леталото експлодираше.
Прототипот на вселенското летало „Спејс-Икс Старшип СН 10“ успеало да слета, за разлика од претходните „СН 8“ и „СН 9“. Тоа значи дека лансирањето во „Бока чика“ во Тексас и летот на голема височина, беа успешни.
Сепак, кусо по слетувањето, оган го зафатил вселенскиот брод и експлодирал осум минути подоцна.
„СН 10“, „СН 8“ и „СН 9“ се прототипи на ракета во развој на приватната компанија на милијардерот Илон Маск, којашто би овозможила превоз на луѓе и товар во идните мисии на Месечината и Марс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата