Рајан Гослинг откри што го предизвикало неговото смеење на „Оскарите“
Рајан Гослинг дури сега откри што му било толку смешно на сцената додека траеше скандалот на доделувањето на „Оскарите“, кое се случи пред скоро еден месец.
Фотографиите од смешкањето на Рајан Гослинг го обиколија светот, но остана енигма што го предизвикало сето тоа. Во интервју за „Адоб Самит“, тој ја разоткрива и оваа „мистерија“.
- Се што се случуваше пред моите очи беше толку нереално, гледав панични луѓе, доаѓаа типови со слушалки на глава. Изгледаше како некој да е повреден... Најлошите сценарија ми се вртеа во главата. И, тогаш чув „О, ’Месечина’ ја освои наградата“, и тоа ми претставуваше такво олеснување, па само од себе ми дојде да се смеам, раскажува Рајан.
- Драго ми е што „Месечина“ го доби „Оскарот“. Го знам режисерот, сум работел со него... Тоа е прилично револуционерен филм, направен за милион долари. Неверојатно постигнување и среќен сум што доби такво признание, додаде тој.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми