Рајан Гослинг и Ева Мендес конечно се венчаа
Рајан Гослинг (35) и неговата седум години повозрасна девојка Ева Мендес, конечно го кажаа „судбонското да“ на малата и интимна церемонија.
Рајан и Ева се во врска од 2011 година и заедно имаат две ќерки, но никогаш не им се брзаше за брак. Често и тие самите истакнуваа дека во сите овие години веќе се чувствуваат како брачна двојка.
Таблоидите наведуваат дека свеченста се оддржала во кругот на блиските пријатели и членовите на семејствата, а други детали засега не и се познати во јавноста. Сепак, веста се уште официјално не потврдена од страна на двојката Мендес-Гослинг.
Актерите се запознаа на сетот во филмот „The Place Beyond The Pines“, а секогаш строго ја чуваат нивната интима. Така веста за првата бременост на Ева беше обелоденета кога таа беше во седмиот месец од бременоста, а ќерката Есмералда на свет стигна во септември 2014 година.
Малата Аманда Ли пак се роди во април оваа година, а гордиот татко тогаш изјави дека не може да биде посреќен и дека дома има три ангели.
Пред Ева, Рајан беше вљубен во колешките Сандра Булок и Рајчел Мекадамс, која му беше партнерка во популарниот филм „Notebook“, додека Ева беше осум години во врска со Џорџ Огаст.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација