Живот
2. February 2016 - 18:53

Рафаел Шумахер во кома, се обидел да се обеси

Италијанскиот актер Рафаел Шумахер се наоѓа во кома со тешки повреди кои ги здобил откако во театарската сцена се обидел да се обеси, но работата тргнала наопаку.

Театарот „Lux“ во Пиза е затворен додека полицијата го истражува случајот. Никој не знае како дошло до несреќата, а веќе се појавија и првите шпекулации дека Шумахер навистина сакал да изврши самоубиство.

За сè да биде уште почудно, Рафаел во последен момент го сменил сценариото и наместо планираното „самоубиство“ во пиштол, одлучил тоа да биде со бесење.

Од друга страна, пак, неговата мајка изјавила дека синот неодамна останал без татко и раскинал со девојката, но сигурно не се обидел да се убие.