Радман во Приштина: Хрватска е против промената на границите во регионот
Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман, кој престојува во еднодневна официјална посета на Косово, изјави дека неговата држава се противи на каква било промена на границите во регионот.
По средбата со шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала-Шварц, Радман изјави дека Хрватска, како членка на Европската унија, го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија и се надева дека двете земји набргу ќе дојдат до решение за меѓусебните спорови.
Како една од првите земји кои ја признале косовската независност, Хрватска „ќе се залага Косово да го признаат и тие земји кои досега не го наравиле тоа“, рече Радман.
Тој, како што рече, ја гарантира поддршката на Загреб за визната либерализација за косовските граѓани, како и воопшто за напорите на Косово во правец на евроатлантските интеграции.
Шефот на хрватската дипломатија информира дека неговата земја му подарила на Косово 10 илјади вакцини против Ковид-19.
Освен со министерката Грвала-Шварц, Радман се сретна и со претседателката на државата, Вјоса Османи и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, а предвидена е и средба со премиерот Албин Курти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација