-->
-->
Радичевиќ од ЖРК Вардар во тимот на сезоната на ЛШ
-->
Ракометарката на ЖРК Вардар Јованка Радичевиќ се најде во изборот на тимот на сезоната на Лигата на шампионите. Таа единствено успеа да избори место, иако од ЖРК Вардар беа номинирани уште шест ракометарки. „Ол стар“ тимот беше избран преку интерент, а беа избројани 28.130 гласови или околу 6.000 повеќе од лани.
Тимот на сезоната го сочинуваат:
голман - Кари Гримзбо (Ѓер)
лево крило - Анико Ковачич (Ѓер)
лев бек - Кристина Неагу (Будуќност)
среден бек - Нуке Грот (Ѓер)
десен бел - Нора Морк (Ларвик)
десно крило - Јованка Радичевиќ (Вардар)
пивот - Хајди Локе (Ѓер)
Лани во тимот на сеоната од ЖРК Вардар беше избрана Сираба Дембеле.
Покрај изборот за најдобрата „седморка“ прогласени се и најдобрата во одбраната - Едуарда Аморим, најдобар тренер - Амброс Мартин (Ѓер) и најдобара млада ракометарка - Луца Секерцеш (Ѓер).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани