Балкан
18. November 2015 - 13:11

Рачна граната фрлена во дворот на Уставниот суд во Приштина

Во дворот на косовскиот Уставен суд во центарот на Приштина денеска била фрлена рачна граната која е уништена со контролирана експлозија, јавија западни медиуми.

Уставниот суд кој е близу зградата на Владата е под полициски надзор. На местото на инцидентот се и лица задолжени за деактивирање експлозивни направи. Според полициски извор, се пребарува реонот за можни други експлозивни направи.