Бизнис
21. November 2016 - 20:17

Работниците од Југохром ќе протестираат во Скопје - Работа во комбинатот или иселување

Синдикатот на вработените од  Југохром најавуваат нови протести за во четврток. Наместо по автопатите, овој пат својот револт ќе го изразат пред министерствотот за животна средина и инспекторатот. Тврдат дека Југохром не е виновникот за загадувањето во Тетово. И покрај тоа што комбинатот веќе извесен период не работи, жителите повторно се гушат. Синдикалците бараат надлежните органи да ја повлечат одлуката за забрана за работа на Југохром.

Работниците велат дека од комбинатот егзистираат неколку илјади семејства и ако не почне со работа може да дојде до големо иселување.

На почетокот  на месецов државниот инспекторат за животна средина донесе одлука комбинатот да престане со работа поради тоа што фабриката го проби рокот во кои требаше да постави филтри за намалување на загадувањето на воздухот. Со гасењето на  печките 800 работници останаа без работа.