Работници од пошта во Задар еден час работат, а еден час се на пауза
На социјалните мрежи со огромна брзина се прошири фотографија на наводно работно време на една пошта во хрватскиот приморски град Задар, според која, тамошниот персонал со странки работи само еден час.
Имено, според фотографијата, објавена на Фејсбук, оваа пошта во Задар работи од 16 до 18 часот, додека паузата на вработените трае од 16:30 до 17:30 часот или половина од вкупното работно време.
Фотографијата за еден ден собра над 12 илјади „лајкови“ и голем број иронични коментари, но нејизната веродостојност беше негирана од страна на „Хрватската пошта“.
- Фотографијата е фотомонтажа. Ниту еден пошта не работи според ова работно време. Исто така, во текот на сезоната, работното време на поштите во туристичките места е продолжено, изјави претставник на „Хрватската пошта“ за Индекс.
Ново на Сител
-
Словенија е првата земја во регионот која потврди случај на мајмунски сипаници
-
СПЦ ја одобри и благослови афтокефалноста на МПЦ-ОА
-
Се загадува струшко поле со фекалии кои се излеваат од колекторскиот систем кај село Франгово
-
Словенија го потврди првиот случај на мајмунски сипаници
-
СПЦ и МПЦ утре со нова заедничка литургија во Скопје - ќе биде ли објавена автокефалност?
-
За седум дена се укинуваат мерките, а нови допрва ќе се креираат - дали ќе се вратат празните полици во маркетите?
-
Ковачевски и Петков на средба во Рим - разговорите помеѓу двете земји продолжуваат
-
Ковачевски и Петков на нова средба во Рим во обид за договор