Фудбал
10. August 2015 - 15:53

Работнички - Рубин ќе се гледа за 200 денари

Раководството на ФК Работнички донесе одлука влезницата за дуелот од баражот од Лига Европа против руската екипа Рубин што ќе се игра на 20.август (почеток 21 часот) да чини 200 денари. Ова значи дека цената на влезницата ќе ја има истата вредност како и за претходните три натпревари со Флора, Јеглава и со Трабзон. 
Од клубот очекуваат дека со оваа цена ќе има поголем број навивачи, кои по одличните настапи на фудбалерите ќе им ја дадат потребната поддршка. Инаку, Работнички претходните три натпревари дома постигна три победи. Влезници можат да се купат за Северната и за Јужната трибина, додека „исток“ ќе биде наменет за гостински навивачи. Продажбата ќе почне од петок 14.август во продажната мрежа на „МК Тикетс“, а од понеделник (17.август) и на билетарата на Арената „Филип Втори“, која ќе работи од 12 до 20 часот.