Работна средба на лидерите од Западен Балкан утре во Охрид
Премиерот Зоран Заев е домаќин на трилатералната работна средба на лидерите на Западен Балкан што утре ќе се одржи во Охрид.
На средбата ќе присуствуваат уште и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.
Агендата предвидува во Охрид да се одржи работен состанок на кој покрај тројцата лидери уште ќе учествуваат и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.
По средбата ќе следи пленарна сесија на лидерите од Западен Балкан со претставници на меѓународни организации и институции, меѓу кои, Европска банка за обнова и развој, Регионален совет за соработка, Европска комисија, Светска банка и Европска инвестициона банка. По работните состаноци најавена е и прес-конференција на лидерите на Западен Балкан.
Во врска со средбата преземени се активности за сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците, така што во координација на полицијата со субјектите одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија, се отстрануваат сите паркирани возила од дел од сообраќајниците во градот што водат кон хотелот каде ќе се одржуваат средбите. За време на одржувањето на состаноците целосно ќе биде забрането запирање и паркирање возила на паркинг-местата на потегот булевар „Туристичка“ – „АСНОМ“ – Кеј „Македонија“, како и на улицата „Партизанска“ до крстосницата со „Јане Сандански“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица