Работилници во Охрид за подобрување на туристичката понуда

Во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност утре во Охрид ќе се одржи работилница, како дел од проектот за доделување подгрантови за поддршка и развој на туризмот во десет дестинации низ Република Македонија.
Целта на работилницата е клучните чинители да се запознаат со концептот, методите и бенефитите од управување со дестинациите, а потенцијалните апликанти подетално да се запознаат и со специфичните развојни планови изработени од експерти на Светска банка, кои што ќе бидат основа за доделување подгрантови од Проектот „Локална и регионална конкурентност“.
На работилницата можат да присуствуваат заинтересирани апликанти од Охрид, Струга, Преспа и околината.
За задутре е предвидено да се одржи и работилница посветена на зголемување на продажбата на сместувачките капацитети во Охрид, како дел од програмата „Зголемување на пазарната вработливост“, а е во организација на ЕСА Охрид.
Експерти по туризам ќе ги разработуваат начините и методите за подобро искористување на продажните и дистрибутивните канали и во крајна цел зголемување на продажбата на сместувачките капацитет преку целата година.
Инаку, овој собир е во организација на ИМЕ - Програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка што од 2015 година се спроведува во насока на зајакнување на секторот туризам и угостителство во Македонија, преку подобрување на квалитетот на производите и услугите што се нудат и проширување на пазарите во Охрид, Крушево и Маврово.
Оваа година дел од активностите ќе бидат посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети.
Ново на Сител
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
