Путин забрани истополови бракови
Дефинирањето на бракот како заедница исклучиво на маж и жена е дел од групата уставни реформи кои Русите ги изгласаа на 1 јули 2020. Од тој пакет кој го поддржаа речиси 78 отсто од Русите најпозната е одредбата која на Путин му овозможува да се кандидира за уште два шестгодишни претседателски мандати и така до 2036 година да владее со Русија. Во истиот пакет уставни промени на Путин му е даден и доживотен имунитет од кривичен прогон.
На 5 април Путин официјално ги потпишал уставните амандмани и овозможи нивно стапување на сила.
Истополовите бракови веќе се нелегални во Русија па новата формулација во уставот дополнително го утврдува тоа и уште повеќе се отежнуваат шансите на истополовите двојки некогаш да добијат шанса за рамноправност со хетеросексуалните парови.
Ова исто така значи дека ЛГБТ лицата нема да можат да посвојуваат деца.
Ваквата одлука не е изненадување во Русија, каде ЛГБТ заедницата се соочува со насилство и дискриминација, а познатата забрана на „геј пропаганда“, која забранува дистрибуција на сè што се смета за про-ЛГБТ постои од 2013 година.
Пред националното гласање за уставните амандмани, за кое критичарите тврдат дека е наместено, пропагандната група која ја водеа сојузници на рускиот претседател објави оглас во кој беше прикажано сираче посвоено од двајца татковци, кои го облекле во фустан и го нашминкале.
Огласот порачуваше: „Одлучете за иднината на земјата. Гласајте за измените на уставот“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација