-->
-->
Путин: Руската вакцина е сигурна како и пушката Калашников
-->
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската вакцина е „исто толку сигурна како Калашников”.
Коментарот беше даден за време на видео-конференција со вицепремиерката Татјана Голикова. Ова се случи откако здравствените власти на земјата регистрираа верзија со една доза на руската вакцина „Спутник В“, наречена Спутник лајт.
Споредбата на Путин се однесува на оружјето од времето на Советскиот Сојуз, кое останува популарно и широко користено до денес. Рускиот претседател цитираше коментар првично направен од австриски лекар на почетокот на оваа година за ефективноста на руската вакцина. Верзијата на Спутник В со две дози е веќе дозволена за употреба во многу делови на светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата