Свет
7. March 2019 - 16:33

Путин откри како ги лови шпиуните: нашите служби откриле 465 странски агенти

Руските специјални служби разоткриле 129 членови и 465 агенти од странски служби во 2018 година изјавил, рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност на Русија. 
 
Дури 129 членови и 465 агенти на странски служби се разоткриени како резултат од специјалната операција, рекол тој. 
 
Тој рекол дека руските рарзунувачки служби мораат да бидат ефикасни како никогаш досега и додал дека во 2018 година биле ефикасни и енергични.