Путин: Обвинувањата за наводната вмешаност на Русија во кампањата на Трамп, им штетат на САД

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека обвиненијата против американскиот претседател Доналд Трамп за наводна соработка со Русија му штети на американскиот политички систем и покажаа непочитување на оние кои гласале за Трамп.
Во своето обраќање на годишната прес-конференција, Путин повторно ги отфрли обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД, велејќи дека обвиненијата против Трамп ги шират неговите политички противници, во обид да го поткопаат неговиот легитимитет.
Тој рече дека е збунет од внатрешните политички превирања во САД, потенцирајќи дека тие и нанесуваат штета на внатрешно-политичката ситуација на САД и покажуваат „недостаток на почит кон гласачите", кои го избрале Трамп.
Рускиот претседател ги нагласи достигнувањата на Трамп, велејќи дека ширењето на пазарот покажува доверба на инвеститорите во економскиот курс на Трамп.
Путин изрази надеж дека ќе се подобрат руско-американските односи, нагласувајќи дека двете земји треба да соработуваат за да се справат со глобалните предизвици.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
