Путин: Недоволното политичко искуство на Трамп не е недостаток туку предност
Претседателот на Русија, Владимир Путин оцени дека политичкото неискуство на неговиот американски колега Доналд Трамп не претставува недостаток туку предност поради што има свеж поглед на свет.
Путин на средбата со уредниците на водечките светски медиуми изјави дека Русија е охрабрена од изјавите на Трамп за време на неговата кампања во кои тој изрази жалење поради тоа што руско-американските односи се на најниско ниво и вети дека ќе работи на нивно подобрување.
- Москва се надева дека ќе успее да заснова конструктивен дијалог со администрацијата на Трамп. Русија знае да биде трпелива, посочи Путин.
Опишувајќи го Трамп како „непосреден и искрен“ Путин истакна дека недоволното политичко искуство не е недостаток туку предност бидејќи има „свеж пар очи“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати