Путин: Целта е Русија до есен да постигне колективен имунитет
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека целта е во Русија до есен да се постигне колективен имунитет на Ковид-19.
– Сега најважна е вакцинацијата… за да постигнеме колективен имунитет до есен, истакна Путин во годишното обраќање до нацијата од Парламентот.
Тој додаде дека Русија сега има три вакцини против Ковид-19 – Спутник В, ЕпиВакКоронба и КовиВак.
– Апелирам до сите руски граѓани да се вакцинираат. Ова е единствениот начин да се ослободите од овој смртоносен вирус, посочи Путин.
Тој минатата недела ја прими втората доза на вакцина против Ковид-19, но не пред камери и не откри која вакцина ја прими. Повеќе од осум милиони од вкупно 144 милиони Руси се вакцинирани. Земјата е една од најтешко погодените во светот. Пријавени се повеќе од 4,7 милиони заболени и 106. 000 смртни случаи.
– Здравствените системи на многу водечки земји не успеаја да ја запрат епидемијата ефективно како нашата, наведе Путин.
Претседателот на Русија како главната задача на Владата го посочи зголемувањето на приходите на Русите.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми