Свет
23. March 2022 - 14:08

Путин бара „непријателските земји“ меѓу кои е и Северна Македонија да плаќаат во рубљи за рускиот гас

Русија ќе прифаќа само рубљи при плаќањето за природниот гас кој го извезуваат во непријателските држави, најави претседателот Владимир Путин на состанок со Владата, известува РТ.

Рускиот претседател им даде рок на Централната банка и на Владата една недела да ја да ја утврдат процедурата за операции за купување рубли на домашниот пазар за увозниците.

Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас согласно со цените и принципите претходно договорени. Само се променува валутата во која треба да биде извршено плаќањето.