Свет
13. May 2016 - 17:28

Путин: Американскиот ракетен штит во Романија претставува закана за безбедноста

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американскиот ракетен штит, кој е активиран во Романија, претставува закана за глобалната безбедност, како и чекор кон нова трка во вооружувањето.

Путин вети дека ќе ја усогласи буџетската потрошувачка, со цел да се неутрализира заканата, која штитот ја претставува за Русија.

САД вчера активираа 800 милиони вреден ракетен штит во Романија, кој го сметаат многу значаен за својата и одбраната на Европа од држави, како што е Иран, но Кремљ тврди дека целта на штитот е слабеење на рускиот нуклеарен арсенал.