Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново

Пуштено е на домашно лекување, 20-годишното момче кое беше тешко повредено при пукање во Арачиново на 1 ноември. Тогаш беше убиен 56-годишниот татко на момчето.
-Во врска со вториот пациент, примен на 1 ноември во Ургентниот центар со прострелни рани, информираме дека пациентот е во добра општа здравствена состојба и пуштен на домашно лекување, соопштија вечерва од ТОАРИЛУЦ.
Како што појаснуваат, медицинските екипи кај овој пациент веднаш ја извршиле неопходната дијагностика, по што била извршена хируршка интервенција, што поминала во најдобар ред.
Од Секторот за внатрешни работи - Скопје на 3 ноември информираа дека ги расчистиле убиството и обидот за убиство врз таткото и синот. Убиството било извршено со огнено оружје. Бил утврден идентитетот на сторителите - две лица на возраст од 23 и 31 година.
Осомничените, како што соопшти тогаш Јавното обвинителство, заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син, поради нерасчистени должничко доверителски односи - долг од 7.000 евра, што, сега починатиот, го имал кон покојниот татко на осомничените.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

СДСМ го одржува 31. Конгрес
-

Снежна бура во делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД
-

Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци
-

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило
-

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби
-

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
