Македонија
9. November 2015 - 11:27

Пуштање во употреба на реновираната библиотека „Стале Попов“-Скопје

 

По повод одбележувањето 70 години од постоењето на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, денеска во употреба ќе биде пуштена реновираната библиотека „Стале Попов“.

Библиотеката е реновирана со поддршка на Град Скопје. Предвидено е да се обратат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и директорката на библиотеката Гордана Петревска.

На отворањето со дел од своето творештво ќе се претстави македонскиот писател за деца Перо Миленковски.