Свет
3. April 2018 - 23:10

Пукотници пред седиштето на Јутјуб

Пукотници се слушнале во близина на главниот објект на Јутјуб во Сан Бруно, Калифорнија, јавува БиБиСи.

Возила на итната помош се на местото на настанот, а полицијата ги предупреди граѓаните да не се движат во тој реон.

Компанијата Гугл, која го поседува Јутјуб соопшти дека истажува можен „инцидент со пукотници“.

Неколку работници во компанијата пријавиле пријавиле присуство за вооружено лице, но засега нема официјална потврда.