Македонија
9. December 2019 - 19:42

Пукање во Скопје – полицаец итно префрлен во болница

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека во 17.00 часот на ул.„Методија Митевски“, пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот. Кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Ј.Ј. се здобил со повреда во раката и бил префрлен здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.