Loading Video...
Фудбал
1. August 2020 - 9:44

ПСЖ „скапо го плати“ трофејот во Лига Купот

 
Екипата на Пари Сент Жермен ја потврди својата доминација во францускиот фудбал.
 
Популарните „Светци“ го освоија и третиот трофеј во сезоната. Откако претходни триумфираа во првенството, а потоа и во националниот куп на Франција, фудбалерите на ПСЖ го освоија и Лига Купот откако во финалето го победија Лион со 6-5 на пенали, додека по 120-минути игра немаше голови. 
 
Сепак, освојувањето на трофејот скапо ја платија. Имено тројца фудбалери и тоа Икарди, Курзава и Силва поради повреда предвреме го завршија натпреварот. 
 
Тоа се дополителни проблеми за ПСЖ пред реванш дуелот во Лигата на шампионите со Аталанта, бидејќи тренерот Томас Тухел, најверојатно не ќе може да смета на својот најдобар напаѓач, Мбапе, кој се повреди на мечот со Сент Етијен. 
 
Денеска на тројцата новоповредени, ќе им бидат извршени детални прегледи, по што ќе се знае дали тие ќе можат да настапат на четтвртфиналниот натпревар против Аталанта, закажан за 12 август во Лисабон.