Фудбал
27. February 2016 - 9:48

Прво пролетно коло за второлигашите

Попладнево продолжуваат возбудувањата во Втората МФЛ. На програмата е првото пролетно или вкупно 15. коло.

Есенскиот првак Љубанци кој има 24 бода го пречекува во Ѓорче Петров тимот на Велазерими. Со исто толку бодови стартува и Македонија ЃП. Ѓорчепетровци гостуваат на Железарница каде ги очекува тежок дуел со ФК Скопје кој се бори за опстанок. Дербито се игра во Велес каде Тетекс ќе го пречека Пелистер.
15. коло (14ч)
Љубанци-Велазерими
Скопје-МакедонијаЃП.
Тетекс-Пелистер
Еуромилк-Кожув
Победа - Гостивар
ТАБЕЛА: Љубанци 24, Македонија ЃП 24, Тетекс 22, Пелистер 20,  Победа 19, Еуромилк 19 итн.