Прва работилница на Фондот за иновации и Наградата за социјално претприемништво
Генерирање бизнис идеи во рамки на Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award 2017) е тема на работилницата што ќе се одржи денеска во Фондот за иновации и технолошки развој.
На оваа прва работилница на Фондот и Наградата, младите и студентите ќе имаат можност да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво, примарно ќе ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа ќе дадат и идејни решенија за нив.
Работилницата ќе биде под водство на Марија Матовска, национална координаторка на Наградата за социјално претприемништво, а како гостин е најавен Љубомир Стојчески, основач на Фрешис, првиот ресторан со социјален бизнис модел.
На работилницата, Фондот ќе информира како младите можат полесно да дојдат до извори на финансирање, ќе ги презентира инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала