Loading Video...
Спорт плус
11. October 2020 - 14:31

Прва победа на Петручи сезонава во Мото ГП

Италијанецот, Данило Петручи (Дукати) е победник на деветтата трка во Мото ГП шампионатот што се возеше на легендарната патека Ле Ман, за за Големата награда на Франција. 
 
Возачот на Дукати најдобро се снајде на влажната патека и прв ја мина целната рамнина, остварувајќи ја својата прва победа сезонава, а само втора во кариерата во „кралската класа“ 
 
На пиедесталот се искачија и Алекс Маркез од Хонда, односно Пол Еспаргаро од КТМ.
 
Французинот Квартараро кој ја имаше стартната позиција трката ја заврши како деветто пласиран, но и натаму ја задржа лидерската позиција во Генералниот поредок со вкупно 115 бодови, десет повеќе од Жоан Мир, а 18 повеќе од Андреа Довициозо кој денеска беше четврти.
 
Веќе следниот викенд на програмата е десеттата трка која ќе се вози во шпанскиот Арагон.