Loading Video...
Спорт плус
5. December 2020 - 16:34

Прва победа на Хрватот Зипчиќ во Светскиот куп во алпско скијање

Хрватот Филип Зупчиќ е победник на денешната супер-велеслаломска трка од Светскиот куп во алпско скијање. 
 
До својата прва победа во Светсклиот куп 27-годишниот Зупчиќ стигна на патеката во италијанскиот ски-центар Санта катерина, остварувајќи најбрзо време со вкуипни 2 минути 15 секунди и 6 сторинки. 
 
Зад него заврши Словенецот, Жан Крањец кој имаше заостанување од 12 стотинки, додека Швајцарецот, Марко Одермат заостанба 30 стотинки и се пласира на третото место. 
 
Алекс Пинтуро кој е лидер во севкупниот Генерален поредок заврши на петото место, па сега предноста на Французинот во однос на Хрватот е 47 бодови. 
 
Утре на програмата е нова трка и тоа во велеслалом, додека дамите утре ќе се натпреваруваат и тоа во швајцарскиот Сент Мориц каде ќе се вози супер-велеслалом.