Loading Video...
Фудбал
14. April 2021 - 20:01

Прва МФЛ: Значајни победи за Шкендија и Пелистер

Неверојатен натпревар загубија фудбалерите на Силекс во дуелот со домашниот Пелистер. Гостите од Кратово за само 20 минути обезбедија високо водство од 2-0 со головите на Ѓорѓиев и Тантуровски.  Битолчани сепак не се предадоа и единствената шанса ја бараа преку нафрлувања пред голот на Божиновски и тоа им донесе израмнување во наредните десетина минути кога Драгарски и Илиески се запишаа во листата на стрелците. 
Во вториот дел Силекс имаше иницијатива но не успеа да дојде до ново водство за да на спротивната страна Нето  со силен удар обезбеди победа од 3-2 за битолскиот тим. 
Во Скопје студен туш за Шкупи од фенерџијата Беласица. Гостите од Струмица мечот го решија уште во 11-тата минута со погодокот на Демир. 
Ваквиот расплет на настаните го искористи Шкендија која направи нов скок кон шампионскиот трофеј со минималната победа против Академија Пандев. 
Голот за три бода го постигна искусниот Бесарт Ибраими во 52-та минута. 
 
Во директната пресметка околу опстанокот Вардар и Ренова одиграа 1-1 и тоа откако Јашаровски ги доведе гипсарите до предност во 15-тата минута за да Мирчевски во 53- го израмни резултатот.