Loading Video...
Фудбал
25. May 2019 - 19:39

Прва МФЛ: Утре се решава Лига Европа

Утре во домашното фудбалско првенство се игра последното прволигашко коло кое треба да даде одговор на прашањето кои екипи заедно со Академија Пандев ќе играат во Лига Европа откако Вардар не доби лиценца од ФФМ за европски натпревари.

Шкендија веќе ја прослави шампионската титула додека во Втората лига ќе играат Беласица и Победа. Бараж за опстанок со претставник на второлигашите го очекува ФК Силекс но за затоа останува прашањето кој ќе го освои четвртото и петтото место кои ќе водат во Лига Европа откако Вардар остана без европска лиценца.

Кандидати се екипите на Работнички, Шкупи, Ренова и Македонија ЃП.

Во најдобра позиција се лавовите од Ѓорче Петров кои го загубија куп финалето но со победа против Победа утре во последното коло  се сигурен учесник во Лига Европа за што добија и лиценца.

Во таква ситуација во директен дуел ќе одлучуваат Работнички и Шкупи. Доколку Романтичарите останат непоразени или победат тие се учесник во европските натпреварување без разлика на резултатот на Ренова во дуелот со Шкендија. За разлика од нив Шкупи има само една опција  а тоа е победа утре против Работнички на Националната Арена Тоше Проески.