Loading Video...
Фудбал
7. March 2021 - 18:53

Прва МФЛ: Победи за Работнички и Пелистер, Вардар одигра нерешено со Струга ТЛ

Екипата на Шкупи доживеа непријатен пораз од градскиот ривал Работнички кој набрзина со два погодоци уште на стартот од мечот дојде до драгоцената победа од 2-0. 
Уште во првата минута Кристијан Стојковски  ги доведе романтичарите до предност а веќе во 9. Прелчец ја потврди победата на гостинскиот тим. 
Вардар  одигра 1-1 со Струга Трим Лум во меч во кој гостите први го отворија резултатот со голот на Ристевски додека домашните  го избегнаа поразот благодарение на погодокот на Филип Петковски во 75. Минута. 
Големи три бода освои Пелистер во дуелот со Борец. Мечот го реши  голот на Петковиќ постигнат во финишот од првото полувреме. 
 
 
Фудбал  22.коло 
Македонија ЃП – Силекс 1-0
Вардар – Струга ТЛ  1-1
Шкендија – Ренова 0-0
Шкупи – Работнички 0-2
Пелистер – Борец 1-0
Беласица – А.Пандев  0-0