Македонија
29. September 2022 - 16:34

Прва функционерска оставка поради назначување на директори од „Огнената група“ - оставка си поднесе заменик-градоначалничката

Огнените на разговор кај Ахмети во Мала Речица. Лидерот на ДУИ бара чаре како да ги затопли односите меѓу поделеното членство тврдат извори за Сител од Огнената група. По средбата не открија дали нашле решение за нивното незадоволство.

По ова Беџети на Фб напиша, со мојот претседател и пријател Али Ахмети и цврсто во ставот против извршната власт.

 “ Претседателот Ахмети почна да го повикува членството, огранок по огранок на разговори во седиштето. Нашата реакција конкретно е поради првиот вицепремиер, поради кого партијата ни оди надолу. Не може еден човек, да занемари се и да тера по свое и поради тоа да ги изгубиме и Тетово, и Гостивар и сите.

Во меѓувреме Огненеата група доби директорски места во градските претпријатија. Негираат  дека оваа соработка  е  поврзана со нивниот отпор во ДУИ. Но, нашите извори од огнените не кријат дека имаат одличен  однос Арсовска и велат добро соработуваат за проекти во нивните општини.

Одлуката за новите  директори на Арсовска од редовите на ДУИ ги наруши односите со Алијанса на Албанците. Заменик градоначалничката Бујаре Абази си поднесе оставка.

„ Актуелната Градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните. Целата јавност вчера беше сведок како Арсовска им даваше власт на структури кои со години им нанесуваат тешка штета на Албанците воопшто и на скопјани особено.

Инаку дел од   5те советници на ДУИ во Град Скопје се меѓу потпишаните на писмото од Огнената група и важат за блиски луѓе на Иџет Меџити и Блерим Беџети. Извори за Сител откриваат дека веќе се договориле со градоначалничката да и дадат поддршка  во градското собрание.