Loading Video...
Кошарка
12. January 2022 - 14:08

Прв пораз на Барселона на домашен терен во Евролигата

Екипата на Армани Милано и го нанесе првиот пораз на Барселона сезонава на домашен терен во Евролигата.
 
Популарните „манекени“ од Милано предводени од Серхио Родригес и Маркус Дилејни, во неизвесен натпревар забележаа победа над Барселона со 75-71.
 
Родригес мечот го заврши со 22, додека Дилејни постигна 15 поени за победничката екипа.
 
Тоа беше и единствената победа на гостите на само трите одиграни натпревари, од 20-тата рунда, од која најголемиот дел од натпреварите се откажани поради проблеми со корона пандемијата. 
 
На двата каде победи остварија домачните тимови, Фенербахче го најдигра Олимпијакос со 94-80, додека во Минхен, Баерн славеше против Жалгирис со 74-65.
 
Вечера ќе се одигра само натпреварот и тоа во Атина каде Панатинаикос ја пречекува московска ЦСКА.