Прв дипломатски форум на ЦЕИ во Скопје

Прв дипломатски форум на Централноевропската иницијатива ќе се одржи денеска во Скопје во рамките на македонското претседавање со ЦЕИ.
Како што соопшти македонското МНР, на форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи Никола Поповски, како и директорот на Дипломатската академија при МНР, Аделина Марку и заменик генералниот секретар на Централната европска иницијатива, Ерик Черновиц.
На синоќешното свечено отворање се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој порача дека земјите од регионот и од Централна и Источна Европа се соочуваат со бројни предизвици, а решенијата за справување со нив треба да се бараат во регионалната соработка и регионалните иницијативи.
Младите, рече Иванов, треба да бидат будилник за таквите иницијативи, на кои треба да им дадат нова смисла, но и да ги отфрлат парадигмите на старите лидерства и да создадат подобри услови за живот во своите земји.
Фокусот на дипломатскиот форум на ЦЕИ во Скопје е ставен на можностите регионалните иницијативи да се стават во функција на младите.
Ново на Сител
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
