Провокативен настап на ТЛЗП: Елена се соблече на сцена, публиката во шок
За крајот на популарното шоу ТЛЗП покрај петте финалисти кои се бореа за главната награда, во ревијалниот дел настапија и останатите учесници кои во минатата полуфинална емисија не успеаја да се пласираат во финале.
За шоуто да биде уште поинтересно, во ревијалниот дел настапи и нашата поп-пејачка Елена Ристеска, која инаку беше дел од втората сезона на „Твоето лице звучи познато“.
За настапот на Елена, која се претстави со актуелната песна „Текила и лимон“ имаше наместено специјална сценографија со шанк, каде пејачката и танчарите со неа направија вистинско шоу на подиумот.
Елена се појави облечена во кусо здолниште со високи шлицови, споено со тексас елече од кое следеше изненадувањето.
Имено, Елена го откопча горниот дел, под кој сите мислеа дека не носи ништо, но под истиот имаше само проѕирна мрежа со црни детали на пупките.
Еленче ја изнесе провокацијата од себе и без да покаже голотија и дополнително го вжешти својот настап.
Инаку, во втората сезона на ТЗЛП Елена како и Тијана заврши на втората позиција.
Извор: Вистина.мк
Ново на Сител
-
„Детектор“ за изборите
-
Речиси 9 милиони денари ќе плати МЕПСО за справување со последиците од сајбер нападот
-
Македонија станува увозно-зависна земја за храна - Лани потрошени милијарда евра за увоз на храна
-
Охридското и Преспанското Езеро забрзано се загреваат што може да биде погубно за живиот свет
-
АДКОМ бара бесплатен пристап за ЈКП-ЈА до ортофото снимките од 2023-та
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок