Македонија
27. May 2016 - 9:19

Проверете каква е состојбата на патиштата

Поради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека денеска во периодот од 13 до 15 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. 

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот за возила со вкупна маса над 5 тона, сообраќајот се уште се пренасочува преку мостот на реката Вардар.(Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.